септември 8, 2024

Манчестер јунајтед има намера да направи мала реконструкција во тимот. Клубот дефанзивната линија ја засили со Лени Јоро, а нападот со Џошуа Зиркзе.

Планот на првиот човек на спортскиот сектор, сер Џим Ретклиф е да донесе уште најмалку тројца нови играчи. За да собере пари за тие трансфери, клубот на трансфер листата стави седум фудбалери. Меѓу нив е и Хари Мегваер.

Мегваер беше изненаден од информацијата дека клубот сака да го продаде. Англискиот репрезентативец, кој го пропушти Европското првенство поради повреда, наводно добил гаранции од тренерот Ерик Тен Хаг дека ќе биде во тимот, во новата сезона.

„Да бидам искрен, сè што слушнав е дека сум во плановите Манчестер јунајтед“, рече Мегваер и додаде:

„Подготвен сум да се борам за најголемите трофеи во Манчестер јунајтед“.

Мегваер се уште има важечки договор со трофејниот англиски клуб, но прашање е дали ќе биде во клубот по 1.септември кога официјално завршува преодниот рок.

The post Мегваер: Ми кажаа дека ќе останам во Манчестер јунајтед appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK