септември 19, 2024

Со спектакуларна церемонија во Париз, синоќ беа отворени 33. Олимписки игри. Настанот траеше речиси четири часа и со тоа го означи официјалниот почеток на најголемиот светски спортски настан. За прв пат во историјата свеченото отворање на Олимписките игри не се одржа на стадион.

Делегации од сите земји пловеа по реката Сена на 85 бродови и ги посетија некои од најголемите знаменитости на Париз.

Олимпискиот оган го запалија легендарната атлетичарка Мари Жозе Перек и легендарниот џудист Теди Ринер.

Станува збор за двајца спортисти кои со златни букви се запишани во олимписката историја. Вкупно тие се сопственици на осум олимписки медали, од кои шест златни, а пламенот го зедоа од рацете на Шарл Коста, 100-годишникот кој на сцената пристигна во инвалидска количка.

Коста ја носи титулата најстар жив олимписки медалист за Франција. На Олимписките игри во Лондон во 1948 година, тој освои злато во велосипедизам.

The post Кој е старецот во инвалидска количка кој помогна да се запали олимпискиот пламен? appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK