септември 20, 2024

Меѓународната фудбалска организација ФИФА и одзеде шест бода на женската фудбалска репрезентација на Канада на Олимписките игри во Париз и суспендираше тројца тренери поради користење дронови за набљудување на тренинзите на противничките тимови.

Двајца помошници тренери на Канада, Џозеф Ломбарди и Јасмин Мандер, беа фатени во средата како со дрон го снимаат тренингот на Нов Зеланд, во пресрет на дуелот на двете репрезентации на ОИ.

ФИФА ги суспендираше Ломбарди и Мандер, како и селекторката Бев Пристман, на една година.

Покрај тоа, ФИФА го казни Канадскиот фудбалски сојуз со 200.000 швајцарски франци или околу 226.000 американски долари.

Меѓународната фудбалска организација ги обвини Пристман и нејзините помошници дека се одговорни за навредливо однесување и кршење на принципите на фер-плеј, а канадската федерација како одговорна што не се погрижила стручниот штаб да ги почитува правилата на турнирот.

Канадската фудбалска асоцијација веднаш ја суспендираше селекторкатаБев Пристман, која три години претходно ја предводеше репрезентацијата до златото на Олимписките игри во Токио, како и нејзините помошници, пред натпреварот во кој Канаѓанките во четвртокот го победија Нов Зеланд со 1:0.

The post Канада остана без шест бода, селекторката суспендирана на една година appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK