Манчестер јунајтед доживеа тежок удар пред почетокот на новата сезона. „Црвените ѓаволи“, во сезоната ќе влезат без двајца важни играчи.
Последното засилување, дефанзивецот Лени Јоро кој беше платен 62 милиони евра ќе паузира три месеци.
Освен него, шест недели ќе отсуствува и првиот центарфор на тимот, Расмус Хојлунд.
Јоро беше сликан во тренинг објектот на Јунајтед во Ју-Си-Ел-Еј како се движи со патерици, а на левата нога имаше заштитна чизма.
Со ова се потврдија сомнежите за тешка повреда, а тој ќе отсуствува до октомври.
18-годишникот ќе пропушти девет натпревари во Премиер лигата, вклучувајќи ги и дуелите со Ливерпул, Тотенхем и Астон Вила, а нема да игра на стартот од Лигата на Европа.
Хојлунд го постигна воведниот гол во пријателскиот натпревар против Арсенал, а потоа се пожали на повреда на тетивата.
Тој ќе паузира до крајот на репрезентативната пауза, односно до средината на септември.
Дополнително, во победата над Бетис се повреди и Маркус Рашфорд, стрелец и асистент на овој натпревар, додека Бразилецот Антони ја повреди раката.
The post Катастрофа за Јунајтед пред почетокот на сезоната appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде