октомври 26, 2024

Кристијан Трапановски и Давид Бабунски во актуелниот преоден рок го засилија Данди јунајтед. Двајцата одиграа добар натпревар во Лига купот на Шкотска.

Во интервју за британски „Телеграф“, Трапановски не го крие задоволството од начинот на кој ја започна шкотската авантура. Исто така потенцира дека е среќен што го има за соиграч Давид Бабунски.

„Првпат играм во ист тим со Давид, кој е одличен фудбалер за што доказ се и десетте години минати во Барселона. Верувам и посакувам вака заедно да играме и за Македонија. Се надевам дека селекторот Милевски ги следи нашите натпреварите за Данди јунајтед. Пресреќен сум што постигнав веќе три гола за тимот“, изјави Трапановски.

The post Трапановски: Се надевам дека селекторот Милевски ги следи натпреварите на Данди јунајтед appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK