октомври 27, 2024

Со помош на вештачката интелигенција, писателот Зоран Спасов Sоф успеа да ги реставрира старите фотографии од револуционерите, да ги обои со нежни тонови и да ги анимира.

Резултатот е изнандувачки интересен и само наговестува во кој правец се движи новата технологија. Во еден кадар дури и Ѓорче Петров во стилот на Дејвид Коперфилд му става мала капа на Гоце Делчев и во следниот миг му ја сокрива.

Авторот вели дека во скоро време ќе можеме сами, на домашниот компјутер, да создаваме играни филмови во кои заедно би глумеле Александар Микиќ, Мерлин Монро, Чарли Чаплин, Бата Живојиновиќ и Сашко Коцев.

Инаку Sоф е пионер во креирањето медиумски содржини со помош на Вештачка интелигенција. За потсетување, минатата година го создаде првиот музички спот во светот креиран со AI за песната посветена на неговата последна книга „Цепај сине”.

The post (Видео) Гоце Делчев „оживеа“ со помош на вештачката интелигенција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK