октомври 27, 2024

Мешаната штафета на Соединетите Американски Држави го собори светскиот рекорд во трката на 4х400 метри на Олимписките игри во Париз.

Штафетата на САД квалификацискиот натпревар го истрча за 3:07.41 минути, го подобрија сопствениот рекорд кој изнесуваше 3:08,80 минути.

Вернон Нервуд, Шамир Литл, Брајс Дедмон и Кејлин Браун трчаа за штафетата на САД.

Штафетата на домаќинот имаше второ најдобро време со 3,19 секунди заостанување. Французите трчаа во составот на Мухамед Абдала Кунта, Луиз Маравал, Тео Андант и Амандин Бросие.

Британците поставија и национален рекорд, а за стотинка беа поспори од „триколорите“. За Британија трачаа Семјуел Реардон, Леивај Нилсен, Алекс Хејдок-Вилсон и Никол Јергин.

Освен споменатите три земји, учество во финалето обезбедија и Белгија, Холандија, Јамајка, Полска и Италија. Трката за медали е закажана за в сабота од 20:55 часот.

The post САД во квалификациите го урнаа светскиот рекорд на 4×400 метри appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK