мај 13, 2026

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев на својот фејсбук профил најави дека со дронови ќе се ловат лицата кои ги подметнуваат пожарите. Тој притоа ја посети месноста „Буково“ каде на лице место можеше да се увери од страшните сцени што ги предизвикаа пожарите.

„Денес со дел од мојот тим излеговме на терен во месноста „Буково“, на тромеѓата помеѓу село Расино, с.Косел и с.Опејнца, каде активно гори борова шума.Од лице место, за жал, мора да констатирам дека е зафатен поголем дел од борова шума и згрозен сум од апокалиптичните сцени на опожарените места. Во исто време, сакам да им се заблагодарам на пожртвуваноста на сите вклучени чинители во справувањето со огнената стихија“, објави Јанев на својот фејсбук профил.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK