мај 13, 2026

Полска е првиот полуфиналист на одбојкарскиот турнир на Олимписките игри во Париз. Полјаците во првото четвртфинале на турнирот по два шаса и една мунута ја победи Словенија со 3:1 (25:20, 24:26, 25:19, 25:20).

Полска, претпладнево во Париз во сите сегменти ја надигра Словенија. Словенците беа исклучително лоши на приемот и сервисот не им функционираше најдобро и згора на се нивниот најдобра играч Тончек Штерн одигра ужасен натпревар.

Штерн мечот го заврши со само девет освоени поени. Најмногу поени за Словенија освоија Чебуљ (16) и капитенот Урнаут (13).

Полска ја предводеа Леон со 20 и капитенот Курен со 19 поени.

Во текот на денот ќе бидат одиграни и преостанитете четвртфинални натпревари: Италија-Јапонија, Франција- Германија и САД-Бразил.

The post Словенците без одговор за Леон и Курек – Полска се пласира во полуфиналето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK