мај 13, 2026

Екипа пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Кочани доцна вчера интервенираа во спасување повредена и дезориентирана птица од загрозениот вид источноевропски царски орел.

По добиената пријава од граѓани кои забележале дека птицата долго време стоела на кров од викендичка на Пониква, на лице место се упатиле четири пожарникари со едно возило.
Птицата ја најдовме заглавена во громобранската инсталација на објектот, беше дехидрирана и повредена, најверојатно како последица од пожарите во Осоговијата. Природните живеалишта на овие птици се уништени од огнената стихија и примерокот што го спасивме останал дезориентиран и не можел да се врати во своето гнездо. Повредениот орел веднаш го однесовме на ветеринар во Кочани кој го прегледа и му даде соодветна терапија со инфузија, а во текот на денот ќе го транспортираме до Зоолошката градина во Скопје, каде ќе има соодветно згрижување до целосното заздравување. Ќе бараме по подобрувањето на здравствената состојба, птицата да биде вратена во нејзината природна средина на Осоговските Планини“, истакна пожарникарот Дејан Минов од ДПД – Кочани.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK