мај 13, 2026

Италијанската гимнастичарка Алис Дамато го освои златниот медал на греда на Олимписките игри во Париз.

Во силна конкуренција, Дамато ја искористи несигурноста на противничките и победи со 14.366 поени. Тоа е нејзин втор медал во Париз, по среброто во екипна конкуренција.

Сребрениот медал го освои Јацин Жу од Кина со 14.100, а бронзата Италијанката Манила Еспосито со 14.000 поени.

Фаворит за златото беше Американката Симоне Бајлс, но таа падна од гредата и го зазеде петтото место со 13.100 поени, зад Бразилката Ребека Андрада, која имаше 13.933 поени.

Бајлс досега во Париз има освоено три злата (екипно, повеќебој и прескок).

The post (Видео) Бајлс остана без медал, злато за Италијанката Дамато appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK