мај 13, 2026

Младиот португалски играч за врска Жоао Невес (19) ја напушти Бенфика и кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ. Невес потпиша договор со ПСЖ до 2029 година, а според француските медиуми Бенфика ќе добие 60 милиони евра, и евентуален бонус од 10 милиони евра.

Младиот играч за врска е производ на младинската академија на Бенфика, тој дебитираше за првиот тим во јануари минатата година.

Невеш има одиграно девет натпревари за националниот тим, а учествуваше и на неодамнешното ЕУРО.

Португалецот е второто засилување на ПСЖ ова лето по доаѓањето на 25-годишниот руски голман Матвеј Сафонов кој пристигна од Краснодар.

The post ПСЖ плати 70 милиони евра за португалски тинејџер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK