Високото ниво на дневен стрес може да доведе до ментален и физички замор. Еве ги знаците кои укажуваат дека итно ви треба пауза:
1. Колегите ве прашуваат дали сте добро
Другите луѓе често прво го забележуваат вашиот стрес, раздразливост или нервоза. Ако колегите ве прашаат: „Дали е се во ред?“, ова може да биде јасен знак дека ви треба пауза.
2. Често правите грешки
Хроничниот стрес може да предизвика грешки на работа и да сигнализира дека треба да престанете. Заморот ја намалува вашата способност да се фокусирате и да ги извршувате задачите одговорно.
3. Ве болат сите делови од телото
Грб, глава, очи, стомак… Стресот може да предизвика ослободување на хемикалии кои предизвикуваат воспаление и го зголемуваат чувството на болка во телото.
4. Проблеми со спиењето
Несоницата или потребата од премногу сон поради хроничен замор се знаци на високи нивоа на стрес. Ако вашите проблеми ве спречуваат да спиете или сте премногу исцрпени за да станете од кревет, ова е знак дека ви треба одмор.
5. Не можете повеќе да ја поднесете вашата работа
Кога сте под голем стрес, губите перспектива и мотивација за работа. Ако вашата работа стана неподносливо тешка, тоа е сигнал дека е време за одмор.
6. Се изолиравте од блиските луѓе
Ако избегнувате дружење со семејството и пријателите и не сакате да поминувате време со други, тоа може да значи дека сте „прегорени“ од обврски. Понекогаш ви треба време за себе, но целосното избегнување на интеракција со блиските луѓе е знак дека ви треба одмор.
Следете не, не има насекаде