октомври 30, 2024

Откако не успеаја да го скријат скандалот со пиштолџијата на Гаши во страв дека ќе се дознае целата работа, МВР го потврди скандалот за кој со денови предупредуваше СДСМ. Но ВМРО-ДПМНЕ очигледно сака да удри само по самарот, а да молчи пред нарачателот, стои во партиското соопштение на СДСМ

„За целата оваа состојба има одговорност и коалицискиот партнер на Мицкоски, Африм Гаши кој мора да одговара затоа што надвор од своите надлежности го испратил обезбедувањето на аеродромот кое се заканувало.Го повикуваме Обвинителството во целост да ја спроведе истрагата и да лоцира одговорност кај Гаши кој не смеел да отстапува од своите надлежности. Само со целосна истрага и одговорност на сите вклучени ќе може граѓаните да веруваат дека не се штитат политичарите од власта“, се вели во соопштението на СДСМ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK