Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен Таравари дека е нова директорка на болницата во Дебар, потврди самата за медиуми. Министерството не појаснува зошто е постапено на овој начин.
Станува збор за истата личност за која МВР во февруари годинава поднесе кривична пријава за „употреба на документ со невистинита содржина“.
Како што велат оттаму директорката во разговор им посочила дека од неа се барала само потврда за неосудуваност, не и сертификат за познавање на англиски јазик кој не го приложила бидејќи не ѝ бил ни побаран.
„Пријавената С.К. вработена во Општа болница Дебар, набавила лажен меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик, издаден од училиште за јазици од Република Бугарија. С.К. го употребила сертификатот за познавање англиски јазик при аплицирање на конкурс за именување директор на ЈЗУ Општа болница Дебар, по што од министерот за здравство била именувана за вршител на должноста – директор на ЈЗУ Општа болница Дебар“, пишува во билтенот на МВР од 14 февруари годинава.
Следете не, не има насекаде