X автоматски ја вклучи опцијата корисниците да ги споделуваат своите јавни податоци со четботот.

Се појавија информации дека платформата X овозможила поставка што му овозможува на четботот Grok да тренира на јавните објави на корисниците, како и за сите други интеракции што ги имаат со четботот.

Сепак, тоа не е сосема точно: страницата за помош која ги упатува корисниците како да се откажат од тоа X да ги користи нивните податоци за да го обучуваат Grok постои барем од мај. Работата е во тоа што X никогаш не кажал дека оваа опција на сите корисници е вклучена автоматски.

All X users have the ability to control whether their public posts can be used to train Grok, the AI search assistant. This option is in addition to your existing controls over whether your interactions, inputs, and results related to Grok can be utilized. This setting is…

— Safety (@Safety) July 26, 2024

Ако не сакате четботот да ги користи вашите (лоши) твитови за тренинг и обука, постои лесен начин да ја исклучите таа опција.

Само треба да ја отштиклирате опцијата од полето за споделување податоци со Grok во поставките за X. Ако врската не работи, можете да отидете во Settings > Privacy and Safety > Grok. Оваа поставка во моментов не е достапна за мобилната апликација на X.

Исто така, треба да се забележи дека Grok не се обучува на објави од приватни X сметки.