Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија го продолжи договорот со Бенфика до јуни 2025 година, соопшти португалскиот клуб.
Ди Марија (36) пристигна во Бенфика во 2023 година, а веќе настапуваше за клубот од 2007 до 2010 година.
Покрај за Бенфика, тој играше и за Јувентус, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, Реал и Росарио.
Аргентинскиот фудбалер минатата сезона одигра 48 натпревари и постигна 17 голови.
Летово имаше намера да се врати во родниот Росарио и да игра за локалниот Централ, но се откажа поради бројните закани кон семејството од локални банди.
Следниот викенд започнува новата сезона во португалскиот шампионат, а Бенфика во првото коло на 11 август ќе му гостува на Фамаликао.
The post Кариерата ќе ја заврши во Лисабон – Ди Марија го продолжи договорот со Бенфика appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде