Адријан Њуи (65), легендарниот дизајнер на автомобили во Формула 1, се чини дека го направи својот избор и одлучи каде ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од Ред Бул.
Медиумите шпекулираат дека Њуи од следната сезона ќе работи во Астон Мартин. Овој тим му понудил можност можност фундаментално да ја обликува иднината на тимот кој драматично се трансформираше во последните години под сопственост на Лоренс Строл.
Наводно, Астон Мартин на Њуи му понудиле четири годишен договор и плата од 100 милиони евра по сезона.
Официјалното соопштение за овој трансфер се очекува на почетокот на септември, бидејќи дотогаш Њуи има обврски кон Ред Бул кои го спречуваат јавно да ја коментира својата иднина.
Визијата и напорите на Строл да го трансформира тимот, вклучително и ексклузивниот договор со Хонда за снабдување со мотори од 2026 година, се вели дека го убедиле Њуи дека Астон Мартин е вистинскиот избор.
The post Адријан Њуи ја прифатил понудата од Астон Мартин appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде