Леонардо ди Каприо доживеа мала несреќа за време на својот одмор на Сардинија, каде ужива со својата 26-годишна девојка Виторија Серети.
Додека пливале во морето, 49-годишниот актер го опекла медуза. Тој се врати на јахтата, а по него и Виторија. Екипажот ја санираше раната на Ди Каприо.
Леонардо и Виторија неодамна заминаа на одмор. На луксузната јахта уживаат и актерот Тоби Мегваер и моделот Бабет Стријбос.
Неодамна странските медиуми шпекулираа дека славниот актер се жени бидејќи Виторија била фотографирана со голем дијамантски прстен. Ди Каприо и Виторија се во врска од минатото лето, а ова не е прв пат да се шпекулира дека се свршуваат.
The post Ди Каприо на одмор во Италија доби опекотини од медуза, му помогна девојката appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде