октомври 30, 2024

Десетици специјалци, членови на тимот Кобра и деактиватори на експлозив барале експлозивна направа во Терница во Долна Австрија поради сомневање за можен терористички напад. Голема полициска акција траела со часови. Eвакуирани се повеќе од 50 куќи, а делумно е евакуиран и дом за стари лица на тоа место. Околината била затворена со полициски кордон на голема површина, а затворени биле и патиштата за време на операцијата.

Станува збор за тајна акција во која е уапсен дваесет годишен човек наводно од Северна Македонија, додека полицијата во Виена се уште трага по двајца Чеченци. Во потрага по експлозив, прво била претресена куќата на уапсениот, а потоа продолжила на други локации.

Според „Хојте“ се претпоставува дека се работи за исламист кој наводно е поддржувач на ИД.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK