Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски на маса има неколку понуди. Интерес за него покажале клубови од Серија А, Примера и Премиер лигата.
Абердин нема ништо против да го продаде најдобриот стрелец, но тоа нема да го направи за помалку од 8.000.000 евра.
Интересна е листата на клубови кои покажале интерес за Миовски. На таа листата има два клуба кои ќе играат во Лигата на шампионите и два клуба кои се врати во најсилните дивизии во своите национални шампионати.
Последен клуб кој се распрашувал за Миовски, барем така тврдат медиумите во Шкотска е хит тимот во Шпанија од минатата сезона, Џирона.
Џирона минатата недела остана без најдобриот стрелец, Артом Довбик кој за 38.000.000 евра се пресели во Рома. Клубот од Каталонија забрзано го формира ростерот бидејќи во новата сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Познато е дека од претходно за Миовски интерес покажа и Болоња. И овој клуб како и Џирона ќе се натпреварува во европската елита. Од италијанските клубови и Џенова се распрашува за македонскиот репрезентативец. Клубот од „Мараси“ подготвува понуда откако остана без Матео Ретеги кој за 25.000.000 евра се сели во Аталанта.
Интерес за Миовски има и кај Саутемптон, односно Еспањол, клубови кои изборија промоција во Премиер лигата и Примера.
The post Џирона се распражува за Миовски, а Џенова подготвува понуда за македонскиот репрезентативец appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде