октомври 30, 2024

Стотици илјади автомобили секојдневно минуваат низ скопските улици и булевари, а патната инфраструктура е далеку од завидно ниво.

Коловози со дупки, крпеници, вдлабнатини, често пати и неосветлени е секојдневието на возачите низ Скопје.

Најфреквентните булевари се и најоштетени.

Еден од нив е булеварот „Партизански одреди“ бучевар кој низ речиси целата должина (од Влае па се до Соборниот храм) е со вдлабнатини и искривувања првата лента по која најчесто возат автобусите.

Ништо подобар не е ниту булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ (оној од Народна Банка до Железничка станица).

Нерамнини, дупки, пропаднати шахти има и на булеварите „Митрополит Теодосиј Гологанов“ „Александар Македонски“ „Јане Сандански“…

Од главните артерии во градот во добра состојба се уште се „Трета Македонска Бригада“ „Илинденска“ како булеварите „Словенија“ и „Босна и Херцеговина“.

Но ваквата очајна состојба на најважните сообраќајници во главниот град очигледно не ги загрижува надлежните во Град Скопје.

Ова лето (период кога треба да има офанзива) не е реконструиран ниту метар од некој булевар во Скопје.

24инфо.мк се обрати до службите во Град Скопје за информација за тоа колку булевари и главни улици се реконструирани во овој период, но оттаму до овој момент се уште немаме одговор.

И додека Град Скопје молчи граѓаните на Скопје, туристите, оние кои транзитираат низ градот продолжуваат да возат по лоши, небезбедни улици и булевари кои не доликуваат на град што себеси се смета за метропола.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK