Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го откажа учеството на последниот гренс слем турнир во сезоната, Ју-ес опен.
Четирикратниот шампион во Њујорк не се чувствува доволно подготвен да се натпреварува на последниот Грен слем во сезоната.
„Поздрав до сите. Ви пишувам за да знаете дека решив да не се натпреварувам на овогодинешниот Ју-ес опен, место каде што имам неверојатни спомени. Ќе ги пропуштам тие специјални ноќни сесии во Њујорк на „Артур Еш“, но мислам дека не сум 100 отсто подготвен. Мојот следен турнир ќе биде Лејвер купот во Берлин“.
Поранешниот најдобар тенисер во светот неодамна настапи на Олимписките игри во Париз, каде во второто коло беше поразен од Новак Ѓоковиќ. Не успеа да освои и медал во двојки со Карлос Алкараз.
Ју-ес опен се игра од 26 август до 8 септември.
The post Надал нема да игра на Ју-ес опен appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде