Апликацијата за пораки Телеграм има 950 милиони месечни корисници.
Телеграм планира наскоро да достигне милијарда корисници, најави основачот и извршен директор на оваа платформа, Павел Дуров.
Неодамна тој на Телеграм објави дека компанијата ќе лансира продавница за апликации овој месец со поддршка за Web3-страниците.
„Оваа година ќе влезе во историјата како година кога стотици милиони луѓе ја запознаа блокчејн технологијата. Горди сме што Телеграм е во епицентарот на оваа социјална трансформација“, напиша Дуров по тој повод.
Извршниот директор на Телеграм, исто така, сподели со своите следбеници слики од неодамнешните патувања во Киргистан, Узбекистан и Казахстан.
„Во Дубаи станува се потопло и моите пријатели одат на луксузни места како Јужна Франција. Како француски државјанин, се согласувам дека Франција е најдобрата дестинација за одмор. Наместо да летувам, јас сè уште работам додека ги среќавам нашите клиенти на необични локации. Летово решив да ја посетам Централна Азија за да видам како е животот таму, да учам како луѓето користат Телеграм и нивните дигитални потреби“, напиша Дуров.
The post Телеграм близу милијарда appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде