октомври 30, 2024

Двајца македонски спортисти ќе настапат на денешната програма на Олимписките игри во Париз, таеквондистката Милјана Рељиќ и борачот Владимир Егоров.

Македонската претставничка во таеквондо денеска ќе го име своето деби, а на ждрепката немаше многу среќа. Во првата борба, која е закажана во терминот од 12 часот, таа ќе се бори против Џејд Џонс од Велика Британија. Таа е носителка на златен олимписки медал од 2012 и од 2016 година и има освоено и светско и европско злато.

Борачот Владимир Егоров во првата рунда од олимпискиот турнир ќе се соочи со Аман Шерават од Индија во категоријата до 57 килограми. Се работи за петти носител на турнирот, но Егоров сепак е оптимист дека може да слави триумф.

Програмата со борбите ќе почне од 11 часот, а македонскиот борач се очекува да се бори околу 11.30 часот.

The post Двајца Македонци настапуваат денес на Олимписките игри appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK