октомври 30, 2024

Денеска (08.08.2024) во 07.30 часот во с.Мала Речица, тетовско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.С.(44) од с.Долно палчиште, тетовско.

При преглед во патничкото возило „рено” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека без соодветна документација превезува 204 штеки цигари од различни брендови, 24 кутии со тутун од еден килограм и 145 кутии со тутун од 500 грама, пиротехнички средства, 20 машинки за правење на цигари и 36 кутии со вкупно 18.000 филтри за цигари.

Возилото било одземено и заедно со лицето биле предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 278Б од Кривичниот законик.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK