Миљана Рељиќ беше блиску, но не успеа да се пласира во полуфиналето на таеквондо турнирот, во категоријата до 57 килограми.
Рељиќ која претходно ја победи двојната олимписка првенка и светска шампионка од 2019 година, Џејд Џонс, тесно загуби од Либанката Латиција Аун.
Првата рунда Аун ја доби со 9:8, а втората заврши нерешено 6:6. Трета рунда немаше бидејќи Аун беше подобра во втората рунда за еден удар.
Рељиќ сега ќе навива за Аун во полуфиналето. Доколу девојката од Либан ја победи актуелната светска шампионкат, Иранката Нахид Кианичандех, тогаш ќе ја повлече Рељиќ во репасажот за бронзениот медал.
The post Рељиќ тесно загуби во четвртфиналето, се надева на репасаж appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде