октомври 30, 2024

Фудбалскиот прволигаш Шкупи денеска го промовираше новиот генерален спонзор на клубот, моќниот динамо на турскиот фудбал „Паша Групација“ од Турската Република Северен Кипар, а пред почетокот на сезоната најави и проект за изградба на нов мултифункционален тренинг центар којшто ќе го крене македонскиот фудбал на европско ниво.

„Во Македонија за жал не е многу развиено спонзорството, иако во спортот во светски рамки спонзорствата на клубовите се тие коишто им помагаат и ги поттикнуваат клубовите во нивните големи национални успеси, за што верувам дека во Македонија ќе следат промени на ова поле, а токму денес промените ги започнуваме со Паша Груп како реномирано име и еден од најпознатите спонзори на спортот во Турција. За нас како клуб ова е голем чекор и дополнително со проектот за изградба на спортски центар во Скопје кој планираме да го работиме заедно со Паша Груп, општина Чаир како наш долгогодишен поддржувач и Владата, ќе успееме да го издигнеме македонскиот фудбал на ниво според европските стандарди, изјави претседателот на ФК Шкупи, Олгун Ајдин.

Мултифункционалниот спортски комплекс којшто го најавија ФК Шкупи и Паша Груп ќе се протега на површина од околу 20.000 метри квадратни со три фудбалски терени и првичен проект од 2.000 метри квадратни наменети за 25 соби за играчите, фитнес центар, сала за конференции и простор за рекреација. Ова е комплекс којшто ќе може да служи не само на клубот туку и на македонскиот национален тим. Од Групацијата Паша за оваа соработка со ФК Шкупи велат дека е само чекор кон успешните приказни кои во иднина ќе ги издвојува Шкупи и македонскиот фудбал.

„Како член на семејството Паша Груп, познато како моќното динамо на турскиот фудбал кај нас, воопшто не треба да се сомневате дека истата чест ќе ја чувствувам и во соработката што ќе ја развиваме со вековниот и длабоко вкоренет скопски клуб ФК Шкупи 1927. Исклучително сме среќни што сме еден од најголемите поддржувачи на ФК Шкупи. Верувам дека оваа соработка ќе биде крунисана со вредни достигнувања во многу блиска иднина и се надевам дека од ова единство ќе произлезе сила, потенцираше Бурак Ертам, претставник на „Паша Груп“ по потпишувањето на договорот за спонзорство со ФК Шкупи.

Паша Груп „Pasha Group” е основана во 2005 година од Ведат Ербаш и успешно опстојува како еден од лидерите во Турската Република Северен Кипар во секторите туризам, образование и технологија. Групацијата е еден од најважните поддржувачи и официјални спонзори на турскиот спорт, вклучувајќи ги добро етаблираните спортски и фудбалски клубови како што се светски познатите Фенербахче, Бешикташ, Ѓозтепеспор, Коњаспор, Анталијаспор, Бодрумспор под мотото „спортот обединува”.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу којшто присуствуваше на денешата конференција на ФК Шкупи му посака успешна сезона, истакнувајќи дека како општина ќе продолжат да даваат безрезервна поддршка на клубот и македонскиот спорт, а еден од тие чекори ќе биде изградба и опремување на еден од трите спортски терени со средства од општината.

„И на управата и на новиот спонзор им посакувам успешна сезона. Шкупи е значајно име во македонскиот фудбал, и така ќе биде и во иднина. Ја користам приликата да се заблагодарам на претседателот Олгун, кој успеа да го врати клубот на старите шампионски патеки. Задоволство ми е што клубот ќе добие и нов тренинг камп, и верувам дека ова ќе биде поттик за нови успеси на тимот“, порача градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

The post „Паша Групација” од Северен Кипар нов генерален спонзор на ФК Шкупи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK