октомври 30, 2024

Попладнево, густ црн чад повторно се издига од Вардариште, а како што информираат од ЦУК, го гасат тројца пожарникари со едно противпожарно возило. 

Пред неполн месец, по големиот пожар на дивата депонија „Вардарише“, местото го посетија градоначалникот на Оштина Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со заменик-градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски, командирот на полициската станица од општа надлежност Гази Баба Саше Стоилевски и припадници на МВР.

Од таму ги ветија истите работи, кои со години наназад ги ветуваа различни владејчаки структури, а сотојбата не се промени.Ветија дека ќе се реши проблемот, ќе патролираат полицајци и инспектори, ќе се покрене кривична против непознат сторител. 

Стефковски, преку социјалните медиуми информира дека знае оти “изминатиот период во неколку наврати сведоци сме на пожар на дивата депонија Вардарише кој покрај тоа што сериозно го загадува воздухот, претставува и сериозна опасност по безбедноста на жителите од овој дел на општина Гази Баба“.

Градончаланикот на Општина Гази Баба, каде се наоѓа депонијата, вели дека има разбирање за  граѓаните и жителите на неговата и соседната општина Аеродром, кои го дишат чадливиот воздух речиси секојдневно, но вели дека можностите за постапување му се ограничени.

Потенцира дека општо познато е дека дивата депонија „Вардариште“ е во целосна надлежност на Градот Скопје за што „апелира и бара од градоначалничката Данела Арсовска да издаде задолженија за реализација на своите надлежности“.

Од негова страна пак ги наброја задолженијата кои ги издал пред еден месец:

1.Секторот за инспекциски работи да продолжи да работи во две смени со зголемување на работното време во втората смена до 22:00 часот;

2.Секторот за инспекциски работи задолжително во текот на работното време и во втората смена да врши постојан надзор на дивата депонија Вардариште;

3.Секторот за инспекциски работи и Секторот за правни работи во текот на денешниот ден да изготват и до Основното јавно обвинителство Скопје да поднесат Иницијатива за покренување на кривична постапка против непознат сторител за загадување на амбиенталниот воздух, а очекувам Обвинителството преку превземање на истражни дејствија да дојде до сторителите и истите да бидат најстрого санкционирани;

4.Во текот на денешниот ден ќе биде испратено барање за постапување до инспекторатот при Градот Скопје во кое ќе побараме постојано дежурство на депонијата Вардариште и од нивна страна;

За многу скоро ќе започнат заедничките вонредни патроли на депонијата и околу неа во чии состав ќе бидат припадници на МВР и инспектори од општинската администрација.

Ако овие најаци на Стефковски од пред еден месец се оствариле на терен, како тогаш денеска повторно Вардариште труеше со црн чад?

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK