октомври 30, 2024

Утрово во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ј.(32) од Куманово.

– Тој се сомничи дека околу 03.00 во дворот од неговиот дом на улица „Народна револуција“ во Куманово, по претходна расправија и физичка пресметка, со остар предмет му нанел убодна рана на С.М.(35) од Куманово. С.М. бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош, информираат од МВР.

В.Ј. бил задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK