октомври 30, 2024

Стив Кер, селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, го оцени како тежок полуфиналниот натпревар на Олимписките игри во кој неговата репрезентација ја совлада Србија (95:91).

Американците во краток период двапати на турнирот ја победија Србија, но за разлика од дуелот во групата, во полуфиналето едвај се спасија од пораз. Србите фантастично играа 36 минути, константно водеа и тоа со двоцифрена разлика. На крајот пресуди Стеф Кари кој постигна 36 поени.

„Тежок натпревар, тоа го очекувавме. Србија е многу добра репрезентација со добар тренер. Тешко е да се победи еден тим три пати, двапати на овој турнир. Одиграа феноменален натпревар, не очекував три тројки на Аврамовиќ во првото полувреме“, рече Кер и дополни.

„Пресуден беше нашиот моментум, притисокот си го направи своето, секогаш ми е жал за тимот што губи, низ мојата кариера. Ги видов српските играчи како плачат, направија се, дадоа се за победа, но не успеаја. Ова е еден од најдобрите кошаркарски натпревари. Бев загрижен за време на натпреварот Никола Јокиќ е најдобриот играч на планетата, а српската репрезентација е секогаш меѓу најдобрите во светот. Губевме долго време, но имавме токму толку од времето за да се вратиме и победиме“, заклучи Кер.

The post Кер: Бев загрижен, ова не го очекував appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK