октомври 30, 2024

Сопругата на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ важи за дама со стил.

Таа со своите аутфити редовно е инспирација за другите жени, а особено ја обожаваат поради умереноста и природниот изглед кој го негува со години.

Јелена најчесто ја гледаме дотерана, а нејзините фотографии во костим за капење се вистинска реткост.

Таа во една прилика на својот Инстаграм објави прекрасен момент од плажа со што ги воодушеви нејзините следбеници.

Наследникот Стефан Ѓоковиќ ја фотографираше својата мајка видно среќна и насмеана на плажа, а Јелена го опиша овој момент:

– Стефи сега е во фаза кога сака да слика, а не само ние да го сликаме. Тој отсекогаш бил ѕвезда, а сега сака да ја држи камерата. Кога ја фотографира мама, мама е најубава на светот! Додуша, можете да видите само некои делови од мене бидејќи кога слика, слика прст, рака, една нога, песок… и така натаму, напиша таа и ги насмеа луѓето.

The post Јелена Ѓоковиќ со своите аутфити е инспирација за другите жени, а во бикини изгледа совршено appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK