октомври 30, 2024

На 08.08.2024 во 09.40 часот на улица „Маршал Тито” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.С.(35) од тетовско Долно Палчиште. Тој се сомничи дека претходниот ден на ул.„Борис Кидрич” во Тетово извршил дрска кражба, при што на П.Ц.(32) од Тетово ѝ одзел чанта со пари и лични предмети. При преглед кај него биле пронајдени марихуана, ризла и украдените работи, кои подоцна биле вратени на оштетената П.Ц.. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK