мај 13, 2026

Ватерполистите на Србија се првите финалисти на Олимписките игри во Париз.

Во првото полуфианле на турнирот, Србија ја победи Америка со 10:6.

Олимписките шампиони од Рио 2016 и Токио 2020 со брилијантна игра во одбраната ги скршија Американците.

Голманот Филиповиќ имаше 10 одбрани, четири помалку од колегата на спротивната страна кој беше најдобриот играч на САД. Играа Србите извонредоно со играч помалку, од 17 такви напади САД постигнаа само пет гола.

Србите пак реализира седум од 10 напади со ватерполист повеќе.

Србија победи иако нивниот најдобра играч и стрелец, Мандиќ не постигна ниту еден гол. Дедовиќ со четири и Јакшиќ со три гола беа најефиасни.

Противник на Србија во финалето ќе биде победникот од дуелот Унгарија-Хрватска.

The post Ватерполистите на Србија се пласираа во финалето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK