мај 12, 2026

Кога Даниел Зелгер од Австрија пристигнал на одмор во местото Изола на брегот на Јадранското море во Словенија, не помислувал дека ќе се најде во ситуација да биде херој на градот.

Тој забележал како автомобил паѓа во морето, а во него биле четиригодишно дете и неговата баба. Жената заборавила да го стави автомобилот во брзина, и тој набрзо завршил во морето.
Гледајќи го тоа, Зелгер скокнал во водата. Успеал да ги спаси и двајцата. На почетокот жената не сакала да го напушти автомобилот, а причината била нејзинотo внуче.

„Жената беше во шок, не знаеше што се случува. Ја отворив вратата и го извадив момчето. После тоа ја спасив и неа“, објасни Зелгер.

На местото биле испратени противпожарни екипи и итната помош.
4news

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK