мај 12, 2026

Шпанските медиуми јавуваат дека вечерва бил избоден со нож Мунир Насрауи (32), татко на Ламин Јамал (17), ѕвездата на Барселона и освојувач Европско првенство со Шпанија.

Насрауи бил избоден со нож на паркинг во шпанскиот град Матаро.

Тој е префрлен во болницата „Кан Рути“ во Бадалона и е во тешка здравствена состојба.

Полицијата го презела случајот и успеала да лоцира неколку сведоци на инцидентот. Засега се шпекулира дека Насрауи бил вмешан во тепачка.

Полицијата се сомнева дека нападот е резултат на претходна тепачка, во која од засега непознати причини би можел да биде вмешан таткото на младиот фудбалер на Барселона.

Таткото на Јамал, Мунир, е од Мароко, а неговата мајка е од Екваторијална Гвинеја.

Играјќи за Шпанија, Ламине Јамал носи фудбалски копачки со знамињата на африканските земји и истакнува дека е горд на своето потекло.

Јамал моментално е еден од најдобрите фудбалери во светот и според „Трансфермаркт“ вреди 120 милиони евра.

The post Таткото на Ламин Јамал избоден со нож appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK