Бојан Миовски, македонскиот репрезентативец е нов член на Џирона.
Миовски во шпанскиот клуб кој годинава ќе игра во Лигата на шампионите дојде од шкотскиот Абердин.
Договорот беше потпишан на четири години, а Абердин за Миовски доби 8,5 милиони евра, што е најголемиот трансфер во историјата на клубот.
Миовски зад себе има две одлични сезони во кои за Абердин постигна 44 гола на 97 натпревари.
The post Миовски официјално стана играч на Џирона appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
