Фудбалерот на Баерн и хрватската репрезентација Јосип Станишиќ итно е опериран поради повреда што ја заработи во понеделникот на тренинг
Станишиќ ги скинал страничните лигаменти на десното колено и веднаш бил опериран, потврди спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл.
Повредата на Станишиќ е голем удар за Баерн, но и за хрватската репрезентација, чии први натпревари во Лигата на нации се во септември.
„Станишиќ е опериран утрово. Ова е лошата вест со која треба да се справиме оваа недела. За жал, ќе мора да отсуствува неколку недели“, потврди Еберл.
The post Станишиќ скинал лигамент, итно бил опериран appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
