мај 12, 2026

На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.,,Александар Македонски” во Скопје, од патничко возило во движење од огнено оружје било пукано во патничко возило „фолксваген пасат” со австриски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(43) од Австрија, со привремен престој во Скопје, а сопатник бил Н.А.(30) од Скопје.

Притоа, со прострелна рана се здобил возачот Н.А. и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје и на местото биле пронајдени чаури од огнено оружје калибар 9 мм.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK