мај 12, 2026

Леканемаб, првиот лек во историјата кој е пронајден за забавување на Алцхајмеровата болест, ќе биде одобрен за употреба во Велика Британија, пишува The Telegraph.

Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (MHRA) се очекува денеска да даде одобрение за лек за кој е откриено дека го забавува когнитивниот пад кај заболените за 27 проценти. Лекот кој се дава на секои две недели преку интравенско капнување ќе може да се препишува приватно.

Европската агенција за лекови минатиот месец одби да даде лиценца за лекот. Тие тврдеа дека потенцијалните несакани ефекти го надминуваат ефектот што лекот го има врз забавувањето на болеста. Еден од потенцијалните несакани ефекти е крварење во мозокот.

Некои од испитувањата покажаа дека леканемаб, направен од јапонската фармацевтска компанија Еисаи, ги забавува раните фази на Алцхајмеровата болест. Ова е првиот напредок во лекувањето по речиси три децении, пишува британски The Telegraph.

The post Во Британија ќе биде одобрен лек кој ја забавува Алцхајмеровата болест appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK