мај 12, 2026

На 22.08.2024 во 01.10 часот на улица „107″ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Б.(31) од с.Слатино, тетовско. Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторени кривични дела „тешка кражба”, „разбојништво”, „уцена”, „загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство” и „загрозување на безбедноста во сообраќајот”, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од установата.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа затвор Идризово за доиздржување на две години и шест месеци од казната.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK