мај 11, 2026

За Никол Кидман парите не се пресудни да ја прифати улогата.

Никол Кидман во новото интервју за „L’Officiel“ откри дека парите не и се најважни кога глуми во големи холивудски продукции, пишува „Variety“.

Бидејќи Оскаровката честопати е пофалена за нејзината работа во драми, многу фанови се прашуваат зошто таа се согласува на блокбастери како Аквамен и Бетмен.

Сите ме прашуваат: „Зошто го правиш ова?

Нејзиниот одговор беше: „Затоа што можам да го бакнам Бетмен“. Она што луѓето не го разбираат е дека не се работи за парите, се надевам дека многу од мејнстрим блокбастерите во кои глумам се различни.

Истите прашања ја дочекаа и кога ја прифати улогата на кралицата Атлана во Аквамен и неговото продолжение.

Актерката не ги читала стриповите на Аквамен, но затоа е голем обожавател на режисерот Џејмс Ван и неговите хорор филмови. Кога и се јавил Ван, била воодушевена бидејќи мислела дека ќе глуми во неговиот хорор филм, но потоа дознала дека се работи за филм за суперхерои, пренесува Index.hr.

„Навистина сакав да работам со него на хорор филм“, изјави Кидман.

Покрај филмови, Кидман во последните години почна да работи и на телевизиски серии. Таа доби Еми за нејзината работа во серијата „Big Little Lies“, а се појави и во сериите „Undoing“, „Expat“ и „Nine Perfect Strangers“.

Наскоро ќе ја видиме во минисеријата „Совршениот пар“ која на 5 септември доаѓа на Нетфликс.

The post Никол Кидман откри зошто ја прифатила улогата во Бетмен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK