Секој од нас има соништа и желби. Можеби посакувате поголем дом, одмор во некоја егзотична земја или луксузен автомобил. Можеби сакате да можете да го живеете пензионерскиот живот што е можно поудобно. Или да ја реновирате куќата, да започнете сопствен бизнис или да ги купите најновите гаџети. Несомнено, за да се оствари секоја желба потребни се финансиски средства. Затоа е паметно навреме да се почне со штедење.Иако можеби ќе кажете дека во денешно време е тешко да се штеди или дека тоа не ви го дозволува буџетот, сепак постои решение. Потребен ви е само вистинскиот начин на размислување и соодветно планирање!
Секоја желба може да се оствари доколку доволно многу ја посакувате, а во прилог 4 совети кои можеби ќе ви помогнат како да го направите тоа:
Одлучете колку сакате да заштедите
Колку треба да заштедите зависи од тоа какви се вашите желби. На пример, има разлика доколку сакате да го купите најновиот мобилен телефон или доколку сакате да купите стан. Потребниот износ, а со тоа и времето потребно за заштеда на пари е различно бидејќи купувањето мобилен телефон е краткорочна финансиска цел, додека купувањето свој дом е долгорочна финансиска цел.
Намалете ги трошоците или заработете дополнителни пари
Доколку имате само една финансиска цел, можеби ќе ви биде полесно да ја остварите. Но, што ако имате неколку финансиски цели? Можете да примените стратегии за да заштедите пари, односно да ги намалите трошоците за нешта кои не ви се неопходни за секојдневното функционирање. Можете и да размислите за начини на заработување дополнителни пари, на пример некоја креативна работа која ќе ви го направи забавен остатокот од денот, а истовремено ќе ви овозможи и дополнителна заработка.
Одвојте буџет за секоја желба
За да не заборавите да штедите, направете автоматско повлекување на средства од вашата сметка веднаш штом пристигне вашиот прилив за плата. Одредете го месечниот буџет кој ви е потребен за да можете по одредено време да го достигнете буџетот кој ви е потребен за исполнување на вашата цел.
Одберете го вистинскиот производ за штедење
Согласно вашите желби и потреби и согласно расположливоста на средствата која сакате да ја поседувате и нивото на заработка кое сакате да го остварите потребно е да го одберете вистинскиот начин на штедење. Халкбанк располага со широка палета на депозитни производи кои го нудат најдоброто согласно вашите потреби и динамиката на штедење која ви одговара.
Штедењето со депозити е веројатно најлесниот и најбезбедниот начин за штедење кој истовремено ви овозможува и заработка – чекор поблиску до вашите желби! Халкбанк годинава создаде Новогодишен Промо депозит за сите оние чија новогодишна резолуција е да ги исполнат своите желби!
Кај Новогодишниот Промо депозит минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра. Истиот имаатрактивни фиксни каматни стапка од 2,50%, 3,00% и 3,30% за орочување на 13, 25 или 36 месеци соодветно, односно 1,30%, 1,80% и 2,20% доколку влогот е во евра. Вашата камата на депонираните средства можете да ја добете на крајот на период на орочување или месечно.
Замисли желба, штеди и исполни ја со Новогодишниот Промо депозит на Халкбанк!
The post Замисли желба, штеди и исполни ја со Новогодишниот Промо депозит на Халкбанк appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде