Новиот вид на корона „Кракен“ е позаразен од сите досега, предупредува Светската здравствена организација.
Подваријантата на корона вирус XBB.1.5. ја загрижи Светската здравствена организација, која го нарече најзаразната подваријанта на Ковид што некогаш била откриена. Вирус XBB.1.5. експертите го нарекуваат и „Кракен“, по легендарното морско чудовиште, џиновски октопод кој влечеше бродови до дното и убиваше морнари.
СЗО: НАЈЗАРАЗЕН СОЈ НА КОРОНА СЕ ШИРИ НИЗ ЕВРОПА
Тоа е подваријанта на омикронскиот вид на корона вирусот, кој веќе ја зафаќа Америка, а „Кракен“ брзо се прошири и во Европа, но првите информации укажуваат дека предизвикува блага клиничка слика, како и омикрон.
„Загрижени сме поради брзината на ширење на оваа подваријанта во Америка и одредени европски земји. Тоа е екстремно заразен вид и колку повеќе можности има вирусот да се шири, толку повеќе можности ќе има за промени и мутации“, рече д-р Марија ван Керхов од СЗО.
„Кракен“ е откриен во Франција, Германија, Холандија, Шпанија, Ирска, Австралија, Сингапур, Индија… На протеините на шилецот има 14 нови мутации, што значи дека полесно ги инфицира и луѓето кои веќе имаат имунитет од корона, било преку вакцинација или претходна болест. Тоа ги прави поподложни на инфекција, но не и на сериозна клиничка слика.
Следете не, не има насекаде