септември 20, 2024

ФК Борац од Бања Лука со интригантно видео објави дека се подготвува да потпише ново засилување. Видеото објавено на социјалните мрежи го привлече вниманието на фановите на Борац, но и на медиумите во Босна и Херцеговина.

„СпортСпорт“, неофицијално дознава дека новото засилување на Борац треба да биде поранешниот македонски репрезентативец Бобан Николов.

Николов е без клуб од крајот на минатата сезона кога ја напушти унгарска Кисварда, а претходно во кариерата настапуваше во неколку земји.

Овој 30-годишник, роден во Штип, кариерата ја започна во Брегалница од родниот град, а во 2010 година замина во Романија во Академија Хаџи.

Тој играше во оваа земја за Виторул, се врати во татковината и потпиша за Вардар во 2015 година, пред да замине во Видеотон во 2018 година.

Потоа, во 2021 година, накратко беше во Лече, за повторно да се пресели во источниот дел на Европа, каде играше за молдавски Шериф и романскиот ФЦСБ.

Играше во историскиата победа на ПШериф над Реал (2:1) среде Мадрид во Лигата на шампионите, во 2021 година.

Во текот на кариерата освои многу трофеи. Со Вардар двапати беше шампион на Македонија, во 2016 и 2017 година.

Со Видеотон беше шампион на Унгарија во 2018 и 2019 година.

Останатите два трофеи во Шериф ги освои во 2022 година, кога со тимот од Тираспол стигна до двојната круна во Молдавија.

За Македонија има одиграно 49 натпревари, на кои постигна четири гола.

Борац Бања Лука сезонава ќе се натпреварува во Конференциската лига, што претставува најголем успех во клупската историја.

The post Бобан Николов ќе го засили Борац од Бања Лука appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK