Актерката и манекенка Елизабет Харли (59) ужива во својот одмор додека е уште лето. Таа со своите следбеници сподели видео во бел костим за капење и доби 140.000 лајкови.
На видеото се гледа како Харли се капе во морето, а потоа се тушира. Обожавателите се воодушевени од нејзината линија.
„Нема шанси да имаш 59“, „Подобро тело од многу 30-годишни девојки“, „Ова е чиста убавина“, „Апсолутно совршена“, „59-годишна во тело на 21-годишна“, „Никогаш не си била поубава“, се само дел од коментарите.
Во една прилика Харли ја откри тајната на својата линија – избегнува преработена храна.
„Не држам модни диети. Мојот вкус е прилично едноставен и секогаш внимавав што јадам. Не пијам зелени сокови, но не јадам ниту преработена храна. Ги гледам етикетите на храната уште од тинејџерска возраст“, рече таа.
The post Елизабет Харли позираше во бикини, фановите и пишуваат: „Нема шанси да имаш 59 години“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде