септември 19, 2024

Заврши пописот на штркови! Македонското еколошко друштво спроведе пребројување на штрковите на национално ниво. Овој цензус се спроведе во рамки на 8-от Европски цензус на штркови кој што се прави на секои 10 години, а во Македонија првпат се спроведе во 2014 година.

При истражувањето во Македонија беа вклучени над 15 членови и волонтери на МЕД, а евидентирани се вкупно 1765 гнезда на штркови (1388 активни гнезда и 389 неактивни гнезда – односно гнезда во кои не се извеле млади, биле гнезда за спиење на штрковите, или имало само една возрасна птица).

Вкупниот број на изведени штркчиња е 3,934.

Податоците за дистрибуцијата на гнездата и бројот на млади се достапни на www.ptici.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK