септември 19, 2024

Владата на денешната седница го именува Кашмир Салиу за вршител на должноста заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Она што е интересно е што ВМРО-ДПМНЕ претходно имало прес-конференции во кои го прогласува истиот кој сега до прави директор, за непожелна личност.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во советот на општина Гостивар, пред седум години реагирала на  прес-конференција на советникот Кашмир Салиу од Демократски сили на Ромите.

„Салиу без тронка срам пред целата јавност искажа невистини, со цел да ја оправда сопствената алчност за кариера и личен интерес. Се што има постигнато во животот, го има постигнато со помош на коалицирањето со ВМРО ДПМНЕ, па така тој, неговата сопруга, татко му и голем дел од неговото семејство имаат добиено квалитетни вработувања. И советничката функција два пати по ред  ја добива, благодарение на коалицирањето со нашата партија. Смешна и невистинита е бројката од 1500 члена, која тој ја кажува, дека глесале за него. Таа не само што е далеку помала, туку анализите покажуваат дека и голем дел од членовите на ДСР не гласале за него, знаејќи ја желбата за личен интерес. Ова се последните чекори на Кашмир Салиу во политиката. Нашето членство веќе го прогласи за непожелна личност, бидејќи за кариеристи кај нас место нема. Сепак голема благодарност до сите членови на ДСР во Гостивар, кои гласаа за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и останаа лојални поддржувачи на нашата коалиција.“, рече Лоран Страшевски, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Гостивар.

Инаку, Салиу и ВМРО-ДПМНЕ се скарале поради изјава на Салиу дека на локално ниво не се веќе дел од коалицијата со ДПМНЕ поради некоректно однесување на коалиционите партнери во поделбата на директорки места, поради што и поддршката ја дава на ДУИ и СДСМ.

Епа сега кога го направија директор, сигурно му се чинат многу подобри.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK