септември 21, 2024

Винисиус Жуниор (24), фудбалер на Реал Мадрид, во интервју за Си-Ен-Ен даде изјава која одекна во земјата во која живее во последните шест години.

„Ако проблемот со расизмот во Шпанија не се реши до 2030 година, на земјата треба да и се одземе домаќинството на Светското првенство“.

Шпанија ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал во 2030 година заедно Португалија и Мароко.

„Се надевам дека Шпанија може да еволуира дотогаш и да разбере колку е сериозно да се навредува некого поради неговата боја на кожа. До 2030 година има доволно време да се достигне таа еволуција. Но доколку дотогаш тоа не се смени, тогаш Мундијалот не треба да се одржи тука, бидејќи фудбалерите во земјата нема да чувствуваат удобно и безбедно, туку ќе бидат загрозени од расисти, тоа е комплицирано“, рече Вини и додаде:

„Сакам да направам се што можам за да ја донесам таа промена, затоа што повеќето Шпанци не се расисти, но мала група од нив го нарушува имиџот на целата земја, во која инаку е убаво да се живее. Ја сакам Шпанија, тука ја имам најдобри услови за живот со моето семејство, но тука мораме да го искорениме расизмот“.

Винисиус вообичаено жестоко се бори против расизмот во фудбалот, особено откако минатата сезона беше навредуван од навивачите на Валенсија на „Местаља“.

The post Винисиус: Ако не се справи со расизмот на Шпанија треба да и се одземе СП 2030 appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK