септември 20, 2024

Се одложи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Причината за одложувањето е тоа што Судечкиот совет при Основен кривичен суд Скопје денеска донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите.

Во Основен кривичен суд Скопје денеска во 10 часот требаше да почне судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, но се одложи за 20 септември.
Причината за одложувањето е тоа што Судечкиот совет при Основен кривичен суд Скопје денеска донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите. Обвинети за ова дело се Љупчо Палевски, Влатко Кешишов, Боре Видевски, Велибор Манев, и Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања.

На денешното рочиште не беше присутен Палевски поради тоа што, како што информираше судијата Ивица Стефановски, Судечкиот совет не бил во можност да го обезбеди присуството на Палевски, поради фактот што обвинението било оценето непосредно пред денешната расправа и не се исполнети законските услови да биде повикан.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK